Вести Економија Топ вести

2025 – година на изгубени шанси за македонската економија

Бледа година која беше за нијанса подобра од претходната. Година во која ништо посебно не се промени, а можеше многу да се направи. Ова е коментарот на дел од економистите за тоа каква економија имавме во 2025.  Аналитичарот Јовановиќ забележува дека подобрување има, но само на хартија, а суштински ништо не се менува. И понатаму сме неразвиени со плати кои одвај ги покриваат потребите на едно домаќинство.

Остануваме неразвиена држава, остануваме држава во која што повеќе од 20 проценти од населението се сиромашни, од кои што платите не можат ни да покријат половина од потрошувачката кошничка. Така што беше една бледа година и секако година на изгубени шанси година во која што можеше да се направи многу повеќе, изјави  Бранимир Јовановиќ, од Виенски институт за меѓународни економски студии 

Оние пак кои со години следат економнски теми сметаат дека измина една изгубена година.

Според мене ова беше една изгубена година затоа што и покраj големоto владеачко мнозинство кое го има власта во собраниетo и на ниво на локална власт не се искористи тој моментум за посериозни реформи во економијата. Иако се зборуваше дека кризата е шанса да се трансформира економијата да се направат структурни промени, јас тоа не го гледам. Не гледам системски закони кои што ќе дадат резултати на полето,  пред се на сузбивање на сивата економија, владеење на правото кои што многумина и стопанствениците посочуваат дека се тоа главните фактори за подобар бизнис амбиент и поголем економски раст, изјави  новинарот Мирче Јовановски

Но, според премиерот Мицкоски, економијата почнала да се стабилизира.

Според, податоците на државниот завод за статистика во првиот квартал 2025 година растот на БДП откако е избрана оваа Влада трет квартал по ред е три или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци 3, 2 проценти тоа е бројката која што ја објавува Еуростат. Со тоа практично од досега објавените параменти на Еуростат, македонската еконмомија е рангирана на 4 то место, позади Ирска, Данска и Полска, соопшти премиерот  Христијан Мицкоски. 

Според, познавачите инфлацијата е таа која беше главен проблем во 2025, но најверојатно со тоа ќе се бориме и оваа година.

Но и заминувањето на инвеститорите и падот на бројките во овој дел. За подобра економија Јовановиќ смета дека е потребен нов модел за развој и дека без тоа и оваа ќе биде слична година,  без сериозни придвижувања.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе