Вести Економија Македонија Топ вести

ПП бара измени на предлог законот за работно ангажирање на пензионери -Да важи за сите даватели на услуги, а не само за одредени области

Партијата на пензионери смета го поддржува законот за работно ангажирање на пенизонерите, но сео неколку забелешки кои ги сметаат за недостатоци во законот кој го предложи владата. Од партијата преку соопштение велат дека  преку својот пратеник Илија Николовски, досега двапати во Парламентот предлагагале донесување на сличен Закон.

Овој чин го гледаме како револуционерен. Но, во исто време  Партијата на пензионери има забелешки за недостатоците на овој Закон, како што се:
– ПП не гледа потреба од ограничување на Законот, од причина што сите способни пензионери би сакале да работат подолг период од законски предвидениот. Правото на работа е уставно загарантирано и не треба да влијае на пензијата која е економска категорија и законски загарантирана.
– Овој закон треба да важи за сите даватели на услуги, а не само за одредени области, освен во државната администрација,

– Со проширување на дејностите без ограничување на 15 денови во месецот ќе се овозможи поголемо ангажирање на пензионерите и намалување на социјалните разлики, стои во ставот на партијата испратен до медиумите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе