Увозот расте, производство на млеко се намалува. Млечната индустрија се соочува со низа предизвици. Продуктивноста на кравите е под европскиот просек. Може ли да се сменат состојбите во млечната индустрија која е во незавидна позиција? На оваа тема разговoр во „Бизнис Објектив“ со Ѓорѓи Петрушев генерален директор во Бимилк. За разлика од Македонија, каде роботизацијата во млекопроизводството се уште е само тема за разговор, во светот модерната технологија е неизбежен метод за измолзивање крави што значително ја подобрува и продуктивноста. За состојбата на сточарите во Македонија и за земјоделските протести во Грција и Белагија, гледајте во „Бизнис Објектив“.
