Британскиот боксер, Ентони Џошуа, „избегнал смрт“ во тешка сообраќајна несреќа во Нигерија во која животот го загубиле две лица.
Според полициските информации, возилото со кое патувал славниот боксер се движело со прекумерна брзина на еден од најсмртоносните автопати во Нигерија, меѓу градовите Ибадан и Лагос.
Тешката сообраќајка се случила околу 11 часот по локално време, кога џипот Лексус со кој патувал Џошуа, удрил во камион, кој не се движел во моментот на несреќата.
Боксерот бил еден од четворицата патници во возилото, седел на задното седиште, додека неговото обезбедување патувало со друго возило зад него.
Сообраќајната полиција верува дека Лексусот на Џошуа се движел со поголема брзина од пропишаниот лимит и возачот ја изгубил контролата во текот на маневар за претекнување пред да се удри во неподвижниот камион.

Властите во Нигерискиот регион Огун соопштија дека Џошуа бил еден од петте лица инволвирани во несреќата, додека животот го загубиле двајца странски државјани.
Џошуа и возачот на автомобилот со кој тој патувал биле спасени од припадниците на обезбедувањето.
Н.И
