Вести Економија Топ вести

Значителен пад на странските инвестиции

Околу 600 милиони евра помалку странски инвестиции заклучно со септември годинава во однос на истиот период лани. Ова го покажуваат податоците на Народната банка.  Годинава за девет месеци изнесуваат нешто на 200 милиони евра, лани во овој период надминувале 840 милиони евра.

Народната банка објави и дека само во третиот квартал односно во јули, август и септември вкупните директни инвестиции во земјава бележат нето одлив во износ од 21, 8 милиони евра како резултат на нето одливите кај должничките инструменти и реинвестирање на добивката.

Веќе е евидентно дека кризата во Германија се прелева полека и кај странските компании кои работат во земјава.  Две од нив,  Аптив и Дура се пред затворање на својот погон. За ваквото заминување премиерот Мицкоски рече дека не е крај на светот. Некои се принудени да го намалат бројот на вработени, други да укинат смени.

Главните менаџери кои  управуваат со овие компании кај нас реагираа и дека прв пат оваа година  доцни  државната помош со образложение дека било заради изборите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе