Вести Македонија Топ вести

Жители на погодени домови во Шипковица привремено ги напуштаат домовите поради ризик од свлечишта

Обилните дождови во западниот дел на земјата предизвикаа опасно свлечиште во селото Шипковица, при што директно се загрозени четири семејни куќи.

Поради состојбата на терен итно беше активиран Кризен штаб на Општина Тетово, а на терен излегоа екипи на ЦУК, СВР Тетово и градежни инспектори за проценка на ситуацијата и со инструкции за локалното население.

Жителите на погодените домови се повикани да ги напуштат своите куќи поради висок ризик од нови свлечишта.

Состојбата на теренот останува нестабилна, а прогнозите најавуваат дополнителни врнежи што може дополнително да ја влошат ситуацијата. Надлежните служби преземаат мерки за заштита и стабилизација на критичните зони.

На терен беше новинарот Александар Самарџиев

Дигитална обработка: T.Д.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе