Раководителка на одделението за финансиски и сметководство на Клиниката за Онкологија сведочеше на судењето против екс директорите Нино Васев и Ненад Нухи. На хартија била раководителка од 2018 до 2022 но на почетокот на 2020 и биле одземени ингеренциите но за тоа не добила решение. Кога се вратила од 3 неделен карантин поради ковид, била тргната затоа што нејзината обврска за подготвување налози за плаќање кон веледрогериите ја презела колешка. Со Васев на почетокот соработувала добро.
Биле договорени на сите компании да им плаќаат процентуално за да бидат подеднакво застапени и немало ниту забелешки ниту долгови тогаш. Но во периодот пред боледувањето забележала дека Васев имаше поладен однос со неа. Според неа тој не можел да го издржи таквото пресметување за плаќање кон добавувачите иако било исправно. Одбраната вели таа не требало да сведочи затоа што има конфликт на интерес.
На почетокот на рочиштето обвинетиот Нухи и се пожали на судијката дека во 5 часот наутро припадници на ЕБР влегле во неговата ќелија и недостоинствено и недолично се однесувале кон него. За мобилниот телефон што го тврдеше дека не е негов туку го пронашол во ќелијата. Сепак го користел за да комуницира со семејството. Реагираше и неговата адвокатка која рече дека додека е во притвор одговорноста за него е на судот и поконкретно судиите што му го продолжиле притворот и откри дела во решението е напишано дело за кое тој не е обвинет.
Васев и Нухи обвинети се за злоупотреба на службената положба, измама и проневера во службата. Според обвинителството со незаконска набавка на лекови бил оштетен буџетот за речиси 36 милиони евра.
Елена Ивановска Мукоска
Дигитална обработка: T.Д.
