Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, не ги потврди шпекулациите во јавноста дека ќе замине на амбасадорката позиција во Брисел. Иако се најавуваше дека имињата на новите министри и рокадата што притоа ќе се направи, ќе биде официјално објавена до крајот на неделава, тоа не се случи. Најновите најави се дека имињата ќе бидат доставени до премиерот во понеделник.
Ниту премиерот не сакаше да открие ништо ново. Засега е официјално само дека Беким Сали ќе биде предложен за прв вицепремиер и министер за евроинтеграции. Се шпекулира и дека, поранешниот портпарол, Мухамед Хоџа, ќе го преземе ресорот животна средина, додека Башким Бакиу ќе биде предложен за нов министер за здравство на местото на Азир Алиу.
Алиу, пак, наводно треба да ја преземе директорската позиција во Агенцијата за електронски комуникации. Веднаш штом предлогот биде одобрен од премиерот, ќе биде свикана и собраниска седница за нивно именување.
Далиборка Демјанска Цветановска
Дигитална обработка: T.Д.
