Обвинувања и навреди меѓу власта и опозиицјата на седницата за пратенички прашања. Тема екстрадицијата на екс премиерот Груевски. Пратеникот Миле Талевски го праша министерот за правда Филков дали е точно дека структури од владата активно подготвуваат терен за враќање на Груевски и амнестија и дали министерството испратило ново барање до Будимпешта да биде испорачан избеганиот премиер. Одговорот на министерот ја вжешти атмосферата.
„Мора да престанете да ја замајувате македонската јавност со ваков шарлатански пристап. Што уште треба да направите за народот да ви ја прати пораката и на следните избори. Министерството за правда нема ништо заедничко со тоа министерство што го имавте вие во вашето време кога заедно со Артан Груби, Али Ахмети договаравте кој каде ќе избега. Ова Министерство си ги бара сите бегалци, но вие говорите за политички азиланти, ако доволно ве следев. Што значи дека секојпат кога ќе бидат создадени услови, министерството за правда повторно ќе си ги бара своите граѓани. Во меѓувреме треба да дадете одговор каде се оние другите со кои што вие договаравте бегство“, рече Игор Филков, министер за правда.
„Потпретседателе, требаше да го опоменете дотичниот за неговото мизерно однесување тука во Собранието, затоа што не доликува на министер кој го изгласал Собранието вака да се однесува. Добивме мизерен одговор од мизерен човек. Очигледно, марионетството на ЗНАМ и полтронството во нивното партиципирање во Владата го гледаме во овој пример. Со оглед дека министерот не даде одговор овде, односно потврди дека министерството за правда нема поднесено барање за екстрадиција на бегалецот Груевски, барам овој одговор да го поднесе писмено и имам дополнитлено прашање што барам писмено да ми биде доставен: Зошто министерстовто за правда до овој моменнт нема подесено барање до Унгарија за екстрадиција на Груевски“, праша Миле Талевски, пратнеик од СДСМ.
По ова следуваше пауза на барање на опозицијата.
„Зборови како шарлатани или шарлатанско однесување може да доликуваат на идентитетот на човекот што тоа го кажува, но вие како потпретседател додека ја водите седницата, сметам дека треба да реагирате и затоа барам 15 минути пауза“, рече Фатмир Битиќи од СДСМ.
„Малку сметам дека е пренагласено за зборот што е употребен. Ако сакате, ќе го бараме и по толковен речник што значи по дефиниција, па ќе одлучиме заеднички“, реагираше Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Груевси избега во ноември во 2018 година, кога требаше да ја издржува затворската казна во предметот „Тенк“. По неколку дена се јави од Будимпешта каде побара и доби азил.
Елена Ивановска Мукоска
