Вести Македонија Топ вести

Осудениот за првото мафијашко-политичко убиство во независна Македонија ќе остане во Грција, не е одобрена екстрадиција на Ацо Боцевски кој е во бегство 28 години

Аце Боцевски нема да биде екстрадиран од Грција во Македонија.  Судиите од жалбениот совет во судот во Солун  освен што ја одбиле екстрадицијата поради застареност на случајот , одлучиле и да му ја укинат мерката притвор објави грчката Новинска агенција АНА-МПА.

Боцевски кој беше баран со потерница 28 години беше уапсен во мај годинава во грчкиот град Катерини а солунскиот суд одлучил да не биде испорачан во земјава поради застареност на случајот, објавија грчките медиуми

Од министерството за правда за телма велат дека немаат  официјални информации дека Боцевски нема да биде екстрадиран.

Боцевски беше осуден на 15 години затвор за убиството на Сеат Ибраими среде бел ден во центарот на Скопје во ноември 1997 година.

Како како што објавија грчките медиуми, тој преку своите адвокати, изјавил дека во тоа време служел во личната гарда на тогашниот претседател Глигоров, и тврдеше дека бил цел на напади од политички причини.

Тврдел дека  бил притворен 90 дена, а потоа  пуштен на слобода, по што избегал со пасош издаден од властите на неговата татковина и се населил трајно во Грција каде сега има бизнис со соби за изнајмување во областа Пиерија, рекол во судот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе