Четириесет и осум годишен маж вчера се обидел со шприц да ѝ вбризга непозната течност во устата на неговата сопруга. Потоа зел остар предмет и ја избодел. Вакво семејно насилство се случило вчера во струмичко село, при што е повикана полиција а мажот е приведен и задржан во полициската станица во Струмица. За случајот е запознаен и јавен обвинител кој дал насоки за документирање на случајот по што против насилниот сопруг ќе се поднесе соодветна пријава.
Овој настан се случува само ден откако во Струмица се одбележа почетокот на 16 дена активизам против насилството врз жени и девојки. Психолозите велат дека наислството сѐ повеќе се пријавува, но, најпрепознаено е физичкото, каде има видливи повреди. Потешко се пријавуваат, но и препознаваат другите облици на насилство, меѓу кои и дигиталното кое е во фокус на годинашната кампања.
„Последните статистики и анализи велат дека дури 80 отсто од жените биле сведоци на дигитално насилство, а 40 проценти од жени во Македонија биле жртви. Оваа бројка е навистина голема и загрижувачка, покрај онаа на семејното насилство, што ја третираме со основните начела на насилството – физичко, психичко, сексуално, вознемирувањето, се она што во последните измени во законот на семејно насилство влегуват. Бројки кои секојдневно растат, а најмногу што не загрижува, препознавање на дигиталното насилство дека не се работи само за жени, туку и за девојчиња“, изјави Стојне Митева, психолог.
За да се намали бројот на насилства, стручните лица препорачуваат поголема информираност, но и будност,не само на институциите туку и кај јавноста. Сметаат дека за бората треба локалните власти, н ои државата да издвои позначајни ресусрси за помош и третман на жртвите, во прв ред бесплатни сос линии и советувалишта.
Сузана Мицева
Дигитална обработка: T.Д.
