Италија трета година по ред го освојува трофејот во Дејвис Купот. Денеска пред своите навивачи во Болоња, Италијанците беа подобри од Шпанија во големото финале.
Двете репрезентации играат без своите први рекети, Карлос Алкараз и Јаник Синер, па затоа други тенисери се ѕвезди на Италија и Шпанија. Матео Беретини го донесе првиот поен за својата селекција и го победи Пабло Карењо-Буста во два сета со 6-3 и 6-4. Во вториот меч во сингл-конкуренција, Флавио Коболи со пресврт во три сетови го победи Хауме Мунар со 1-6, 7-6 и 7-5. Мечот во двојки не се одигра.
