Вести Спорт

Курасао, островска држава во Карибите со само 150.000 жители, ќе дебитира на Светските фудбалски првенства

Исланд повеќе не е најмалата држава чија фудбалска репрезентација се пласира на Светско првенство. Од ноќеска тоа е Курасао, мала островска земја во Карибите која има 156.115 жители и површина од само 444 километри квадратни. Претставува самоуправен дел од Холандија, а на чело на фудбалската репрезентација е славниот холандски стручњак, Дик Адвокат.

Курасао заврши на врвот во групата Б со 12 бода. Адвокат го пропушти последниот натпревар од лични причини. Влогот беше голем. Реми или победа на Курасао кај Јамајка му носеше Мундијал на неговиот тим, во спротивно Јамајка, предводена од поранешниот англиски селектор, Стив Мекларен ќе завршеше на првото место и ќе одеше на СП. Натпреварот заврши 0:0, со голема драма во финишот.

Јамајка во судиското продолжение доби пенал по стартот на Џереми Антонис врз Дужуан Ричардс во казнениот простор. Следуваше жесток протест од фудбалерите на Курасао, проверка на ВАР по што судијата од Салвадор ја поништи својата првична одлука.

Курасао ќе дебитира на Светските првенства, а ривалите во групата на турнирот во САД, Канада и Мексико догодина ќе ги дознае по ждрепката на 5 декември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистриран прв случај на Зика вирусот во Македонија – пациентот се заразил на Малдиви, каде бил каснат од комарец

Sasko Dimovski

Трамп: Мелони ме молеше да се сликаме во Париз – Мелони: Ниту јас, ниту Италија не молиме никого, запамти го тоа

Sasko Dimovski

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе