Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на засилени санкции против Русија откако руските сили рано утрово извршија напад врз источна Украина, при што загинаа тројца луѓе во Днипро, а 12 беа повредени.
Во нападот загина и еден човек во Харков, а Зеленски истакна дека главни цели биле градовите, енергетскиот сектор и цивилното население.
Русија лансирала 458 дронови и 45 ракети, вклучувајќи 32 балистички проектили.
Украинските сили успеале да соборат 406 дронови и девет ракети, додека 25 локации биле погодени, соопшти украинското воздухопловство.
Руски дрон погоди станбена зграда во Днипро – тројца загинати, 12 повредени
