Вести Македонија Најважни

Нема оставка од министерот Трипуновски, загрозени ли се 128 милиони евра од ИПАРД по скандалот со поткупот?

Оставка министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски нема да поднесе откако опозициската СДСМ повика на негова одговорност по апсењето на актуелениот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството Илија Стоилев за земање на мито. Истрагата досега покажа дека Џевдет Насуфи, поранешен министер за правда и локална самоуправа во владата на Љупчо Горѓиевски му ветил 50 илјади евра на Стоилев, а полицијата го фатила со првите 400 дадени на рака. Поткупот бил со цел фирмата на Насуфи која не исполнува услови да добие пари од ИПАРД.

„Опозицијата повикува на моја оставка, но сакам да потенцирам дека агенцијата е посебна институција, која што има посебен менаџмент, посебно управувачко тело кое што работи согласно нивниот план и активности така што не гледам никаква поврзаност затоа апелирам дека овој случај треба да се истражи до крај и доколку има одговорност да се делува согласно законот и процедурата“, вели Трипуновски.

СДСМ предупредува дека корупцискиот скандал ја доведува во прашање европската поддршка за реализација на ИПАРД-3 програмата, вредна 128 милиони евра.

„Во ризик се ставени 128 милиони евра од целата 7 годишна програма, пари кои требаше да бидат двигател на нашето земјоделство. Тоа значи дека нема повеќе нови повици, најавите за новите повици не можат да се отворат, нема нови договори коишто ќе бидат склучени, но исто така и нема исплати за проектите коишто тековно се финансираат“, изјави Николовски. 

Министерот Трипуновски пак уверува дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ќе продолжи непречено да работи.

„Агенцијата е акредитирано тело кое што ќе продолжи да работи согласно процедурите. Ние ќе продолжиме доколку има вакви случаи да се делува. Не гледам загрозеност на ИПАРД средствата и националните плаќања кои што ги имаме како држава“, додаде тој.

Трипуновски притоа додаде дека апсењето на Стоилев е показател дека законите треба да важат подеднакво за сите независно дали некој е актуелен и поранешен функционер, а Владата покажала неселективност во борбата против корупцијата.

Ианку меѓу осомничените е и државен службеник во Министерството за земјоделство, како и вработен даночен референт во УЈП. Насуфи е управител на фирмата  СИГНАС-АГРО во Струшко Велешта и се гони за давање поткуп и давање награда за противзаконито влијание. Стоилев е осомничен за примање поткуп. Тие завршија во притвор со уште двајца осомничени, а петтата осомничена е во куќен притвор.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе