Вести Македонија Топ вести

ЈПДП инкасирала 58,7 милиони евра од патарини за девет месеци

Јавното претпријатие за државни патишта соопшти дека во периодот од јануари до септември годинава инкасирало вкупно 3,6 милијарди денари или 58,7 милиони евра од наплата на патарина.

Најголем месечен приход е остварен во август – 494 милиони денари, односно над 8 милиони евра, додека во јули биле собрани околу 7,6 милиони евра, а во септември 6,5 милиони евра.

Најпрофитабилна наплатна станица е „Романовце“, додека најмал приход е евидентиран на „Кадрифаково“ на автопатот Скопје–Штип.

Во септември, прометот преку електронска наплата изнесувал над 30 милиони денари преку профактури и речиси исто толку преку онлајн надополнување, додека преку системот „Отворен Балкан“ биле инкасирани над 10 милиони денари.

Од ЈПДП информираат дека електронската наплата на патарините достигнала 35 проценти од вкупниот промет.

Во тек е подготовката на нов проект за надополнување на МТаг и Мкард преку правни лица, кој треба да овозможи поедноставен и побрз систем за корисниците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе