Вести Свет Топ вести

Видео: Тајфунот Калмаеги пустоши во Југоисточна Азија, над 190 загинати

Тајфунот Калмеги одзеде најмалку 188 животи во Филипините и уште пет во Виетнам, пред да продолжи кон Камбоџа и Лаос.  Со ветрови до 149 км/ч, бурата предизвика огромна материјална штета во централниот дел на Виетнам, уривајќи покриви, корнејќи дрвја и поплавувајќи домови. Илјадници жители беа евакуирани, а властите предупредуваат на нови поплави поради рекордните врнежи изминатата недела. На Филипините, каде што тајфунот е познат под името Тино, дождот предизвика свлечишта и поплави кои уништија цели населби. Најпогодени се централните региони, вклучувајќи го туристичкиот остров Себу, каде автомобили и автобуси беа носени од надојдените води.  Владата прогласи вонредна состојба низ целата земја, додека продолжува потрагата по над 130 исчезнати лица. Виетнамскиот премиер Фам Мин Чин нареди итна мобилизација на повеќе од 260.000 војници и спасувачи за помош на населението.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе