Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи. Статистиката покажува дека најчестите причинители кои доведуваат до сообраќајни несреќи со фатални последици се пред се непочитувањето на сообраќајните правила, односно користењето на мобилен телефон при возење, возењето со брзина поголема од дозволената, возењето под дејство на алкохол. Од MВР апелираат до граѓаните да ги остават мобилните телефони додека управуваат со возилото, и да не се вози со брзина поголема од дозволената да не се седнува зад воланот доколку се конзумира алкохол. Од министертсвото велат дека ќе продолжат со засилени контроли на терен, но вистинската промена почнува со одговорноста на секој возач.
Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
