Петмина жители на Прилеп, на возраст од 21 до 48 години, се лишени од слобода поради сомнение за кражба на огревно дрво.
Лицата биле затекнати од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп додека со приватни патнички возила пренесувале немаркирани дрва на регионалниот пат кон селата Тројаци и Царевич.
Од МВР истакнуваат дека дрвата се предадени на шумска полиција, а лицата се задржани за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави за стореното кривично дело.
T.Д.
