Вести Македонија Топ вести

Наскоро владини повереници во 4 општини кадешто ќе се прегласува

Четирите општини во кои локалните избори беа неуспешни, идната недела ќе добијат владини повереници.Се работи за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, каде уште  во првиот круг не беше исполнет законскиот цензус – на гласање да излезат една третина од гласачите.Се чека Државната изборна комисија официјално да ги заврши изборите, па коалиционите партнери да се договорат за кадровските решенија, вклучително и за тоа, кој ќе го наследи вицепремиерот Изет Меџити на функцијата.

„ДИК треба да ја информира Владата, по што има рок од 15 дена да именува повереници и да ги информира ДИК и Собранието, а Собранието треба да закаже нови избори во рок од 60 дена. На повторените избори ќе нема цензус. Следната недела очекувам да седнеме со коалициските партнери во Владата и да ги предложиме имињата на владините повереници во тие општини“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Изјавата на премиерот следи откако на прес-конференција портпаролот на коалицијата „ВРЕДИ“, Дритон Сулејмани, потврди дека Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити на функцијата прв вицепремиер, откако стана градоначалник.

Сали беше министер за здравство од 2022 до 2023 година.Остана нејасно, дали тој ќе биде и министер за животна средина или само прв вицепремиер.

Далиборка Демјанска Цветановска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе