Вести Македонија Топ вести

Терапијата понекогаш се давала од канцеларијата на директорот, наместо од клиничката аптека – сведочења во случајот „Онкологија 2“

Син на пациент сведочеше дека имунотерпијата што требало да ја прима неговиот татко била нередовна, а понекогаш директорот Нино Васев ѝ ја давал на медицинска сестра од неговата канцеларија на вториот кат. Друг сведок, онколог, пак, одговараше на прашањата на обвинителката поврзани со дозирање на терапијата. На денешното судење за финансиски злоупотреби на Клиниката за онкологија сведочеше и поранешна претседателка на Управниот одбор на клиниката.

Одбраната бараше судијката да ѝ укаже на обвинителката да се концентрира на тоа што е предметот на ова обвинение. Велат обвинението е лошо, а се предлагаат докази што не се поврзани со кривичното дело.

„Не може роднина на пациент, кој зборува за начинот на лекување на роднината, да сведочи во економскиот предмет. Ова е уште еден доказ на тоа што зборуваме цело време. Нема добро фундирнаи обвинителни акти и постапката вака ќе оди. Затоа предлагавме да ги повлечат да направат реевалуација“, изјави Боби Спирковски, адвокат на Васев.

Одбраната реагира затоа што сведочењата не одат во прилог на нивните клиенти, вели обвинителката. Сведоците го потврдуваат токму обвинението за финансиските малверзации на клиниката од страна на обвинетите, особено за терапијата што не смеела да биде кај директорот. Тој ја давал од канцеларија на пациенти на кои сакал, а таа терапија на условен буџет треба да стои исклучиво во клиничката аптека како што кажа претходно еден од сведоците, изјави обвинителката  Гоговска Јакимовска.

„Со овие сведоци се потврдува токму тоа, дека терапија била раздолжувана на име на пациенти. Таа, претпоставуваме, не била давана на тие пациенти или како вишок терапија, како што слушнавме денеска дека имало вишок терапија раздолжувана на име пацинети повеќе од таа што ординирачкиот доктор ја има препишано. И тука е тој логичен заклучок дека тој вишок завршувал кај обвинетиот Никола Васев и подоцна тој ја давал на пациентите на кои сакал да биде дадена“, рече обвинителката Ана Гоговска Јакимовска.

 Во овој предмет обвинети се поранешните директори на Клиниката, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе