Истрагата за случајот со домовите за стари лица во Капиштец и Бутел се уште трае. Целиот случај започна кога во домовите беше детектирано нечовечко однесување кон згрижените лица. На првоосомничената сопственичката на домовите како и на 48 годишната директорка, пред неколку дена им е продолжен притворот за уште еден месец. Од Јавното обвинителство, велат дека истрагата продолжува со прибирање на докази.
Случајот и стана познат на јавноста по пријава на роднина за нехумат третман кон лице кое било сместено во домот. Во заедничка акција на полицијата и обвинителството извршија претрес на четири локации од кои се обезбедени докази.
Роднините на штитениците во домот тогаш изјавија дека немаат никакви информации, освен дека добиле повик од социјален работник кој ги повикал до крајот на денот да ги земат своите најблиски бидејќи установата се затвора.
K.K.
