Во несреќата која вчера се случи во попладневните часови на магистралниот пат Градско-Прилеп кај селото Радобил загинаа двајца, едниот на 31, другиот на 56годишна возраст.
„На 04.11.2025 во 16:40 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Радобил, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од О.О.(31) од с.Тополница, радовишко и патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(35) од с.Дреново, кавадаречко. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Ѓ.П. и неговиот сопатник Б.П.(56) од с.Дреново, кавадаречко. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција“, стои во соопштението на МВР.
Повредените се пренесени во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци, а извршен е увид и од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп.
T.Д.
