Вести Македонија Топ вести

Расправија меѓу пријатели во Дојран заврши со убиство

Педесет и три годишниот жител на Богданци, Никола Тимев, им подлегнал на повредите нанесени од неговиот 55 годишен пријател од Дојран. Настанот се случил во саботата попладнето. Полицијата соопшти дека Тилев починал во гевгелиската болница, а основното јавно обвинителство случајот го карактеризира како убиство. Гевгелиското основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка за сторено кривично дело убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Во образложението, обвинителството наведува дека осомничениот на први ноември попладнето, во блинина на угосителски објект со умисла го убил Тимев. Двајцата претходно заедно седеле на скалите и пиеле, но во еден момент меѓу нив настанала  расправија која преминала во физичка пресметка.

  • Осомничениот најпрво го удирал оштетениот со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на раце, нозе и на черепот. Од ударите кои траеле речиси половина час, оштетениот не успеал да се одбрани и се здобил со тешки телесни повреди и обилно крварење, а осомничениот го оставил на скалите и побегнал.

Повредениот го забележале случајни минувачи. Повикале итна медицинска помош и го пренеле во Општата болница во Гегелија, каде починал од здобиените повреди.  Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност од бегство и можност тој да ја попречува постапката со влијание врз сведоците кои треба да бидат испитани во текот на истрагата.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе