Своите наоди од вториот круг на локалните избори 2025, денеска ќе ги презентираат Меѓународните набљудувачи на изборите од ОБСЕ – Канцеларијата за демократски институции и човекови права.
Меѓународните набљудувачи во прелиминарните наоди и заклучоци по првиот круг наведоа дека локалните избори одржани на 19 октомври биле конкурентни и на гласачите им овозможиле вистински избор меѓу различни политички алтернативи, но биле засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација.
