Вести Македонија Топ вести

(Фото) Дипломиран економист сум, од денеска невработен – Рамадани, кој загуби на изборите за Брвеница, преку Фејсбук бара работа во приватни компании

Досегашниот директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа и кандидат на Вреди за градоначалник на Општина Брвеница, Хаќим Рамадани, кој вчера ги изгуби изборите од кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски, на својот Фејсбук профил објави дека од денеска е невработен и бара работа во приватни компании.

„Од денеска сум невработен. Дипломиран економист сум. Барам работа само во приватни компании“, напиша Рамадани.

И покрај договорот за меѓусебна поддршка, Рамадани пред изборите изјавуваше дека мора да ја добие изборната трка за градоначалник зашто е Албанец и повикуваше гласачи од странство за да го победи кандидатот Илиевски. Поради ваквите изјави, премиерот Христијан Мицкоски пред неколку дена најави дека Рамадани ќе биде разрешен од директорското место во Инспекторатот за локална самоуправа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Најавите за воведување електронско гласање за дијаспората за изборите во 2029 година за Филипче се потенцијален извор на изборни манипулации

Дејан Дејан

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе