Мирен изборен ден во шестте општини во источна Македонија, каде што се гласа за избор на нов градоначалник. Рекордер во излезноста е Пробиштип, каде што до 13 часот има за 4 отсто поголема излезност во споредба со првиот круг на Локалните избори. Во Кочани денеска се гласа во фер и демократска атмосфера.
Во Кочани во третиот пресек на излезност е за 2 oтсто помалку во споредба со првиот круг на Локалните избори.
Во источна Македонија денеска се гласа за избор на градоначалник во Пробиштип, Кочани, Чешиното-Облешево, Зрновци, Виница и Македонска Каменица. Право на глас во овие општини имаат 76.038 избирачи.
Викторија Димитрова Јованова
Дигитална обработка: Т.Д.
