Вести Македонија

Ниска стапка на вакцинација против сезонски грип кај бремените жени и децата, зголемен број на прегледи на клиниката „Козле“

Се зголемува бројот на амбулантски прегледи на универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, но засега сè уште нема изолирано случај на грип. Според педијатрите, се очекува во претстојниот период бројот да расте. Во моментов има и деца кои се на кислородна поддршка и тие се во стабилна состојба.

„Сепак бројот на пациенти во нашата установа полека почнува да расте. Се јавуваат деца со горнореспираторни и долнореспираторни симптоми, фебрилни состојби. Најчесто се тоа од вирусна етиологија. Имаме 120 прегледи во текот на 24 часа. Имаме доста и хоспитални деца, сè уште не сме со преполн капацитет, но следејќи го трендот од претходните години, очекуваме да расте бројот на прегледи и хоспитални пациенти“, изјава д-р Филип Доксимовски од Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“.

Загрижувачки е фактот дека со години наназад кога говориме за вакцинација против сезонски грип најмал е интересот кај бремените жени и децата кои се вбројуваат во ризична група, додека најголем е интересот кај возрасните над 65 години, хронично болните и здравствените работници кои секоја година во континуитет се вакцинираат.

„Но, свесноста за бенефитите од вакцинацијата против грип сè уште е мала кај трудниците и децата до пет години за кои оваа вакцина е исто така препорачана и обезбедува заштита од компликациите кои што сезонскиот грип може да ги направи кај овие ризични групи. Интересно е да напоменеме дека странските државјани, оние кои што престојуваат во нашата земја, се обраќаат со желба и потреба да ги вакцинираат своите деца против сезонскиот грип. И дополнително како информација дека во соседните земји како Грција и Србија, вакцинацијата против грип е многу помасовна со бројки до речиси 50% од населението додека овој број кај нас е далеку помал“, вели проф. д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација.

„Апелираме до родителите да си ги вакцинираат своите деца, бидејќи вакцините се безбедни, контролирани и поминуваат многу студии и сето тоа можат да го најдат на проверените портали кои што се со соодветни референци од останатите здруженија во светот“, додава д-р Филип Доксимовски.

Во меѓувреме, матичните лекари бележат зголемен број на пациенти со симптоми на грип во споредба со ланската инфекција, што се потврдува и со последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Некои се со лесна симптоматологија со главоболки, болки во телото и малаксаност, но има и пациенти со тешка симптоматологија со болки во грлото, висока температура и наод на белите дробови.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор

Дејан Дејан

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Дејан Дејан

79 годишен возач удри и оштети шест паркирани возила во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе