Вести Македонија

Над половина милиони луѓе работат на црно, а користат привилегии на здравствениот систем – Клековски за можните штети на буџетот на ФЗО

Речиси половина милион граѓани работат на црно, а користат привилегии во здравствениот систем. Во државата, според фондот за здравство (ФЗО), има нешто над 1,8 милиони осигуреници, а фокусот се над 477.000 лица кои работат во сивата економија и оние кои живеат или приходите им се во странство. Фондот го испитува ризикот од злоупотреби на здравственото осигурување.

„Можната штета е по две основи, а тоа е дека се оштетува буџетот, бидејќи се обезбедува бесплатна здравствена заштита за луѓе кои можат да си допуштат да платат и второ дека ние имаме број на осигуреници кој не е реален. Во основа ние ги исплаќаме капитациите за матични лекари врз основа на тој број. Сами може да констатирате дека бројот на осигуреници ни е поголем од бројот на попишани жители на последниот попис“, истакна Сашо Клековски, директор на ФЗО.

Од крајот на ноември, пак, два лека против згрутчување на крвта ќе бидат достапни во аптеките, со само еден обичен рецепт. Станува збор за двата антикоагуланси Еноксапарин и Надропарин кои досега беа на болничката позитивна листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат рефундации.

„Граѓаните веќе не мора да се малтретираат по шалтерите на Фондот за да ги рефундираат средствата за овие листа, ќе има полесен пристап до лековите, а ние ќе имаме помал протисок за работа и ќе можеме да се концентираме на други прашања“, додаде Клековски.

По иницијатива на ФЗО, а со одлука на Владата, во работната група која ќе ја проверува злоупотребата на фондовските пари ќе учествуваат и министерствата за здравство и за финансии, Управата за јавни приходи, а по потреба ќе помага и Министерството за внатрешни работи.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот скандал е политички избор

Дејан Дејан

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси – реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Дејан Дејан

79 годишен возач удри и оштети шест паркирани возила во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе