Британскиот крал Чарлс Трети му ја одзеде титулата принц на својот помлад брат, Ендрју, и го принуди да се исели од замокот Виндзор, соопшти Бакингамската палата. Одлуката следи по контроверзиите поврзани со врските на Ендрју со осудениот педофил Џефри Епстајн и низата скандали што ја нарушија репутацијата на кралското семејство. Ендрју, кој претходно се откажа од титулата војвода од Јорк, сега ќе биде познат како Ендрју Маунтбатен Виндзор. Тој ќе мора да се пресели од својата резиденција, вилата Ројал Лоџ, во приватно сместување во источна Англија. Од палатата соопштија дека мерките се неопходни, иако тој продолжува да ги негира обвинувањата против него. Нивните величества сакаат јасно да стават до знаење дека нивните мисли и сочувства се со жртвите и преживеаните на сите форми на злоупотреба, наведува Бакингамската палата… Според извори од кралското семејство, одлуката на Чарлс ја има поддршката и од престолонаследникот, принцот Вилијам.
