Вести Македонија Најважни

Две години условна казна затвор за напаѓачот на градоначалничката Арсовска

Условна казна затвор од две години, која нема да се реалзиира ако не стори друго кривично дело во следните пет години, му изрече Основниот кривичен суд Скопје денеска на Реџеп Нуредини, врз основа на признание на вина за нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во јуни годинава во Чаир.

Бранителот на Реџеп Нуредини, адвокат Насер Рауфи, во изјава за медиумите по денешното рочиште, рече дека обвинетиот со признанието на вина придонел за ефикасност на постапката и дека во случајот е определен и заштитен надзор, со пробациските мерки.

„Обвинетиот Реџеп Нуредини денеска на главна расправа покажа искрено каење за стореното, за неговото грубо однесување спрема оштетената. Меѓутоа, и самата градоначалничка покажа доблест да му прости за стореното на обвинетиот, дури и не се приклучи кон кривичниот прогон, ниту пак најави имотно-правно побарување. Што помогна за изречената максимална алтернативна казна во случајот. Во случајот постојат навистина олеснителни околности, не само извинувањето, каењето за стореното од страна на обвинетиот, меѓутоа и ветувањето дека ќе се чува од такви испади во иднина. Очигледен беше неговиот придонес за ефикасно завршување на оваа кривична постапка“, изјави Рауфи.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска од судот излезе видно вознемирена и не сакаше да даде изјава за медиумите. На 11 јули оваа година, Арсовска, како градоаначлничка на Град Скопје, беше нападната при увид на дивоградба во Општина Чаир.

Според обвинението Реџеп Нуредини се товари за сторено кривично дело „насилство“ од член 386, став 1 од Кривичниот законик.

„На 11.07.2025 година околу 11:30 часот, на улица „Севастополска“ во Скопје, грубо ја навредувал и ја загрозил сигурноста на оштетената Данела Арсовска и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв“, се вели во описот на обвинението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе