Вести Македонија Најважни

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“

Доаѓа од приватниот сектор, дипломирал менаџмент, а во својата биографија навел дека има искуство на проекти во здружение за заштита и унапредување на животната средина. Александар Јовановски е новиот вршител на должност во „Комунална хигиена Скопје“, откако неговиот претходник заврши зад решетки. Тој доаѓа со цел да воспостави ред во претпријатието кое е одговорно за собирање на сметот, проблем кој трае со недели и повеќе.

„Сметам дека нема да се соочам со никакви проблеми. Јас не сум политички определен и се што ќе работам ќе биде во интерес на граѓаните. Политика не би терал, затоа што ниту сум политички определен, ниту пак така сум ставен на оваа функција“ изјави за ТВ Телма Александар Јовановски, директор на ЈП „Комунална хигиена“.

Претходно од Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“  побараа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска итно да назначи директор, бидејќи стравуваат дека резервите на нафта се при крај, а и нивните плати се во ризик.

„Во моментов се при крај резервите на нафта за возилата кои го собираат отпадот, а без потпис од в.д. директор не може да се набави нова количина. Доколку итно не назначите директор, одговорноста за состојбата со хигиената во градот е ваша“, стои во соопштението од Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“.

Последниов период градот се соочува со отежнато собирање на сметот. Контејнерите насекаде се преполни, ѓубрето на некои места не се собираше дури и со недели. Граѓаните, пак, секојдневно се жалат дека оваа ситуација е неиздржлива и дека стравуваат од заразни болести, на што предупредија и лекарите.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува потрагата по преживеани од земјотресите во Венецуела

Igor Trajkov

Притвореници спијат на душеци на земја, затвор без вода за пиење, бегства во болницата во Демир Хисар поради недостиг на кадар – извештај на НПМ

Sasko Dimovski

Нов закон за органодарителство – одлуката ќе ја носи самиот граѓанин

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе