Спорт Фудбал

Поранешен италијански селектор го менува Тудор на клупата на Јувентус

Јувентус вчера го отпушти тренерот Игор Тудор по серијата лоши резултати во Серија А, па на неговото место на клупата на најтрофејниот италијански клуб ќе седне поранеше селектор на Италија.

Лучијано Спалети се согласил да го преземе кормилото на Јувентус до крајот на оваа сезона. Искусниот стратег е без работа откако во јуни годинава беше сменет од селекторската позиција на „ауѕурите“.

Спалети со Наполи го освои „скудетото“ во сезоната 2022/23, а претходно беше тренер и на Интер, Рома, Удинезе, Зенит, Венеција, Сампдорија и Емполи. Тој ќе го води Јувентус до крајот на оваа сезона, а неговиот договор може да биде продолжен ако тимот обезбеди пласман во Лигата на шампиони за следната сезона.

„Старата дама“ на последните пет натпревари во Серија А има два порази и три ремија, а во Лигата на шампиони по три кола има две ремија и еден пораз. Сите овие резултати придонесоа за промена на клупата во торинскиот клуб.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе