Вести Македонија Најважни

ВЛЕН и ДУИ ја заоструваат реториката – кој е победник на изборите?

Кој е поголем победник во албанскиот политички кампус? Се заострува реториката во пресрет на вториот круг од локалните избори. Вреди му одговори на Ахмети дека повеќе не зборува како политички лидер, туку како некој што се дави во сопствениот јазик на омраза.

Од „загарите“ до „газиместан“, овој срамен јазик е најасен доказ за губењето на контролата, паниката и политичкиот крај на човек кој 20 години го третираше својот народ како приватна сопственост– соопштија од Вреди.

За ВРЕДИ победата во прв круг со градоначалници во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце е поголема од онаа на ДУИ во Липково, Пласница и Чашка.

Лидерот на ДУИ вчера порача дека нема причина да се повлече затоа што и по број на гласови и по број на советници коалицијата што тие ја предводат е победник во албанскиот блок, поради што главниот заклучок на вчерашната седница на Централното претседателство на ДУИ беше, предвремени парламентарни избори веднаш.

Аналитичарите не се оптимисти дека барањето на ДУИ ќе биде прифатено

Двете коалиции се борат каков ќе биде политичкиот амбиент после локалните избори . ДУИ се бореше за предвремени парламентари избори  и тоа барање го потврдија, додека ВЛЕН и владеачката коалиција се противат на тоа. Резултатите упатуваат на тоа  дека тешко дека ќе има предвремени парламентарни избори– изјави политичкиот аналитичар, Петар Арсовски.

Првичната изјава на Билал Касами дека во вториот круг во Кичево треба да се поддржи кандидатот на ДУИ предизвика реакции кај коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера пак Касами рече дека е фокусиран на својата кампања,  и посочи дека коалицијата ВРЕДИ има став за Кичево, од каде рекоа дека граѓаните треба сами да одлучат за кого ќе гласаат.

Арсовски не гледа простор за разнишување на коалицијата на власт.

„Гледам благо ретерирање кај Касами во тој дел, имајки во предвид дека гласовите на ВМРО- ДПМНЕ него му се неопходни да го освои градоначалничкото место во Тетово. Иако после релативно добриот резултат на ВЛЕН во првиот круг,  тенденција во вториот круг може да се засили кон нив. Главно за Кичево мислам дека политичката коалиција ќе функционира а не етничката“ – оценува Арсовски.

Тетово останува една од клучните битки меѓу ВРЕДИ и НАИ каде силите ќе ги одмерат Касами и Бајрам Реџепи.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе