Вести

Почнува зимското сметање на времето

Ноќеска во 3 часот по полноќ, стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад – односно ќе биде 2 часот.

Така ќе започне зимското сметање на времето, а денот ќе трае еден час подолго од вообичаено.

Со оваа промена се добива повеќе дневна светлина во утринските часови, но затоа попладнето побрзо преминува во мрак.

Зимското сметање на времето традиционално почнува во последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд на март, кога часовникот повторно се поместува еден час нанапред.

Веќе со години се води дебата дали оваа практика има смисла или треба да се укине. Првично воведена заради заштеда на електрична енергија и подобра искористеност на дневната светлина, денес многумина ја доведуваат во прашање нејзината реална корист.

Студиите покажуваат дека заштедата на енергија е минимална, додека дел од експертите укажуваат на негативните ефекти врз здравјето – нарушен ритам на спиење, зголемен стрес и потешка концентрација во првите денови по поместувањето.

Посебно чувствителни на промената се децата и постарите лица.

Европската унија уште во 2019 година отвори дебата за укинување на сезонското менување на времето, но земјите-членки сè уште немаат постигнат консензус.

Дел од државите се изјаснија за трајно останување на летното, а други за зимското време, кое се смета за „природно“.

До донесување на заедничка одлука, останува старата навика – секоја есен да ги враќаме стрелките наназад, а напролет повторно да ги поместуваме нанапред.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе