Денеска продолжува судењето за случајот каде моторџија смртно прегази пешак на пешчка зона во паркот на Франкофонијата. Имено на минатото судење Фатон Љури кој со мотор го прегази скопјанецот Југослав Николовски под неговиот прозорец го призна за делото, тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот, но го негираше другото, дека не му укажал помош на повредениот кој подоцна почина. Обвинителката рече дека вечерта на први јули Љури се однесувал несовесно и незаконски и го прегазил Николовски со мотор на пешачка патека без возачка дозвола и со неприлагодена брзина. Од ударот Николовски бил тешко повреден, а и покрај лекарската помош починал. За делото за кое призна вина судењето продолжува денеска со изведување докази само во однос на висината на казната додека за делото неукажување на помош беше издвоена постапка и ќе има судење на 11-ти ноември.
