Вести Македонија

Лабудовиќ: За промени во Центар гласаа 68 проценти од гласачите, верувам во победа во вториот круг

Од вкупно излезените гласачи во првиот круг на локалните избори за Општина Центар, 68 проценти гласаа за промени. Тоа е сериозна бројка која што верувам дека ќе се покаже во вториот круг и ќе извојуваме победа, порача Мирослав Лабудовиќ, кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Општина Центар, во вечерашното издание на  „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Кога излегувате на гласање, имате тројца кандидати кои што се борат за градоначалничката функција и четврти кандидат кој ја брани, кој е актуелен. Во еден случај би бил загрижен, доколку сите четворица се боревме од позиција на нови кандидати. Во тој случај можеби требаше да размислувам повеќе и да бидам загрижен. Меѓутоа во овој момент, со целосната анализа на податоците, гледаме дека актуелниот градоначалник го исполнил својот максимум. За него гласале 38 проценти од излезените гласачи или некаде 19 проценти од запишаните. Кога ќе ја погледнеме вкупната бројка на граѓани кои ја дале поддршката за промени, тогаш излегува дека над 12.000 гласачи гласале за промени“, вели Лабудовиќ.

Во изборниот процес, вели тој, влегол непознат во јавноста и малку подоцна започнале со кампањата.

„Презадоволен сум од бројката на гласови што ги освоив во првиот круг. Тоа што нè очекува во вториот круг е да ги валоризираме и да ги собереме на еден куп незадоволните гласачи, оние кои што бараат промена, бидејќи тоа се очекува“, смета Лабудовиќ.

Покана за учество во вечерашната „Топ тема“ беше испратена и до актуелниот градоначалник на Општина Центар и кандидат за нов мандат од коалицијата предводена од СДСМ, Горан Герасимовски кој, сепак, го откажа настапот.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе