Утринава во НБА-лигата се одиграа само два натпревари, кои беа решени во продолженија и имаше неверојатни индивидуални изданија. Шеи Гилџеус-Александер со рекордна вечер го предводеше шампионот Оклахома до победа. За Денвер не беше доволен ниту трипл-дабл учинокот на Никола Јокиќ против Голден Стејт.
Во реприза на ланското големо финале, шампионот Оклахома славеше на гостувањето кај Индијана со 141-135 по дури две продолженија. Гилџеус-Александер имаше рекордни во кариерата 55 поени во победата на Тандер, додека Ејџеј Мичел и Ерон Вигинс имаа 26, односно 23 поени. Кај Пејсерс најмногу се истакна Бенедикт Матурин со 36 поени, додека Паскал Сијакам имаше 32 поени со 15 скока.
Исклучително интересно беше и во Сан Франциско, каде Голден Стејт го победи Денвер со 137-131 по едно продолжение. Стеф Кари беше лидер на Вориорс со 42 поени, додека Арон Гордон одигра неверојатно за Нагетс со за него рекордни во кариерата 50 поени од кои постигна 10 тројки.
Никола Јокиќ запиша трипл-дабл со 21 поен, 13 скока и 10 асистенции и му се приклучи на Оскар Робертсон како единствените кошаркари во историјата со четири трипл-дабл учиноци на првите сезонски натпревари.
