Вести Македонија

Се отвора можност за директни авиолинии – Македонија и Британија потпишаа меѓудржавен договор за авиосообраќајот

Потпишан е меѓудржавен договор за авиосообраќајот меѓу Македонија и Британија. Договорот во Лондон го потпишаа британскиот министер за воздухопловство Кир Матер и министерот за транспорт Александар Николоски.

Како што соопшти министерството за транспорт, договорот ја отвора можноста за воспоставување на нови директни авиолинии меѓу двете земји, а со тоа и зголемување на бројот на туристи од Велика Британија.

Договорот е потпишан на иницијатива на Велика Британија и претставува нова правна рамка со која се уредуваат односите во делот на редовниот воздушен сообраќај меѓу двете земји, соопшти министерството.

Додават и дека преку договорот се овозможува поголема слобода и флексибилност на авиокомпаниите, ефикасно работење и нови услуги, додека за патниците се овозможуваат подобри конекции, нови дестинации и конкуретни цени.

Со договорот се уредува и интермодалниот превоз, што е особено важен дел во карго транспорот, а, исто така, се постигнува и висок степен на заштита и безбедност на авиокомпаниите и патниците утвредни преку ИКАО стандардите, пишува во соопштението на министерството за транспорт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе