Вести Македонија

Митевски: Загрижувачки е ако политиката за управување со јавните финансии ја водиме чисто политички, а не економски

Сметката за сервисирање на буџетот, кога-тогаш, ќе дојде, затоа што едно е да се задолжувате наменски за конкретни проекти, затоа што некој стручњак ви потврдил дека има економска исплатливост, има еколошка дозвола тоа да се прави, а од друга страна да сфатите дека реализацијата на тоа што е кажано дека е капитално е мала, истакна Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ, во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Многу позагрижувачки е операција кмоја почнавме често да ја употребуваме како систем. Тоа е пренамена. Во очи Божик, во очи крајот на годината, ние не правиме ребаланс, затоа што законот не нѝ дозволува да правиме и правиме пренамена. Пренамената е механизам на буџетот за да може да се снајде во безизлезна ситуација. Но, не и во ситуација да испланирате во буџет 75 милиони евра за реализација до крајот на годината, а завршната сметка да кажува дека вие сте изреализирале 21 милион денари за истата намена за која со ребаланс сте дале дополнителни средства“, рече Митевски.

Со таквите операции, продолжи тој, не само што се носат политички одлуки, туку се руши и системот.

„А, ако го срушиме системот, ќе нема кој да нè штити кога навистина ќе дојде криза. Затоа што ако немаме систем, ние ниту да се справиме со помали или поголеми шокови, ниту да се одржиме на подолг рок, а камоли да конвергираме кон Европска Унија. Затоа е загрижувачки ако политиката за управување со јавните финансии ја водиме чисто политички“, смета Митевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе