Вести Македонија Најважни

„Вреди“ нема да бара во Кичево да се гласа за кандидатот на ДУИ

Коалицијата „Вреди“ нема да побара од своето членство и симпатизерите, во вториот круг во Кичево да го поддржат кандидатот на ДУИ. По шпекулациите во некои медиуми дека партиите на Албанците се обединуваат по етничка линија во општините каде противкандидати се Македонец и Албанец, велат дека тие ги немаат гласовите в џеб за да можат да ги вадат по потреба. Потсетуваат и дека тие веќе побараа Фатмир Дехари да се повлече од изборната трка по објавените компромитирачки материјали за него кои, велат, го лишуваат од секое морално право да извршува јавна функција.

„Како коалиција, побаравме да се повлече. Тој не го стори тоа и тоа ја прави невозможна секоја јавна поддршка за него. Кичевци сами треба да ја донесат оваа тешка одлука. На нас никој не може да ни „фактурира“ ништо. Одговорноста паѓа директно врз Али Ахмети, кој не најде храброст да го повлече сопствениот кандидат. Ние остануваме доследни на своите принципи и ставови: јавниот морал не се преговара“, велат од коалицијата „Вреди“.

Од ВМРО ДПМНЕ, пак, побараа обединување околу вредности, а не околу националистички теми.

Во меѓувреме, веќе е најавена коалициона поддршка за кандидатот за градоначалник на Куманово од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, како и за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе