Израелската војска соопшти дека останките на уште двајца заложници се вратени од Појасот Газа доцна синоќа. Телата биле транспортирани со полициска придружба до Институтот за судска медицина во Тел Авив.
Од почетокот на прекинот на огнот на 10 октомври, останките на вкупно 15 заложници се вратени во Израел, а уште 13 сè уште се водат како исчезнати.
Воените власти информираат дека процесот на идентификација продолжува, додека напорите за пронаоѓање и враќање на телата на останатите заложници се во тек во рамки на договорот за прекин на огнот.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој е во посета на Израел, изјави дека прекинот на огнот во Газа е „подобар од очекуваното“, но нагласи дека остануваат сериозни предизвици – од разоружување на Хамас до обновата на уништената инфраструктура по две години војна.
T.Д.
