Претреси на повеќе локации во Скопје под раководство на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска спроведуваат полициски единици на МВР. Станува збор за лица осомничени за кривични дела лихварство и перење пари.
„Под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици на МВР вршат претреси на повеќе локации во Скопје. Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Лихварство и Перење пари“, информираат од обвинителството.
Се уште не е познато за колку точно локации или лица станува збор. Обвинителството најави повеќе детали дека ќе бидат споделени со јавноста по завршување на акцијата.
