Вести Свет

Меѓународниот суд на правдата соопшти дека Израел има обврска да дозволи влез на хуманитарната помош на ООН во Газа

Главниот судски орган на Обединетите Нации соопшти дека Израел има обврска да дозволи влез на хуманитарната помош во појасот Газа која ја доставуваат агенциите на светската организација за да обезбеди дека потребите на Палестинците се задоволени.

Одлуката на Меѓународниот суд на правдата исто така посочува дека Израел не понудил докази за да ги поткрепи своите обвинувања дека агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) не постапува неутрално или дека значаен број на нејзините припадници се членови на Хамас или други вооружени групи.

Израел го отфрли мислењето на Судот како „политичко“, додавајќи дека нема да соработува со UNRWA.

Одлуката на овој суд не е правно обврзувачка, но има значајна морална и дипломатска тежина.

Генералното Собрание на Обединетите Нации побара од судот уште во декември да се произнесе по правните обврски на Израел кон агенциите на ОН и другите меѓународни хуманитарни организации кои работат во окупираните палестински територии – Западниот Брег и појасот Газа.

Израел ја заостри блокадата на Газа, по почетокот на својата жестока офанзива против населението во оваа палестинска територија пред две години а во одредени периоди и целосно го запре влезот на храна и друг вид помош за повеќе од два милиони жители во Појасот Газа.

Пред да стапи на сила договорот за прекин на огнот, експертите на ОН соопштија дека повеќе од 640 000 луѓе во Газа се соочуваат со катастрофално ниво на недостаток на храна а во појасот Газа владее глад целосно предизвикана од човечки фактор, поточно од Израелската блокада.

Н.И

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе