Вести Македонија Најважни

Апсење во прилепска болница

Управата за финансиска полиција по насоки од Основното јавно обвинителство – Прилеп спроведе голема акција, поради сомнежи за злоупотреби со јавни набавки во вредност од околу 800.000 евра. Неофицијално, приведени се 27 лица, меѓу кои и раководни структури, а истрагата е насочена кон кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување. Од Обвинителството соопштуваат дека се преземаат истражни дејствија во моментов, а повеќе информации се очекуваат во следниот период. Ова е продолжение на предистражната постапка започната уште во април годинава, кога беа извршени претреси на осум локации поврзани со болницата. Директорот Кире Јоноски, именуван во 2024 година, веќе укажуваше на бројни неправилности и сомнителни трошоци – од набавка на скапи мобилни телефони, преку плаќање за услуги без договор, до трошење болнички пари за родендени и ресторански сметки. Според него, болницата била затекната во финансиски хаос со долг од над 3 милиони евра.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе