Како одговор на новинарско прашање, шефот на бугарската дипломатија изјавил дека, за жал, една од непријатните својства на изборите во Македонија е тоа што се ваделе на површина мислите и зборовите на политичарите, за кои веројатно според него подоцна ќе се покаат.
-Не треба да ги држиме нашите домашни политички предизвици како заложници на европската политика и меѓународните односи, побарал тој.
–Се надевам дека откако ќе завршат изборите во Македонија, страстите таму ќе стивнат и владата ќе може да се посвети на своите јасни обврски преземени во 2022 година. Бугарија нема промена во својата позиција, ниту причина за промена. Уставот на РСМ треба да се промени во сите негови делови, Бугарите мора да бидат вклучени, како прв чекор за започнување преговори, објаснил Георгиев пред бугарските новинари во Луксембург, каде што учествува на состанок на неговите колеги од ЕУ, пренесува „БТА“.
