Вести Свет

За првпат во историјата се откриени комарци на Исланд

Исланд за првпат во својата историја откри комарци на сопствена територија. Три примероци се пронајдени во текот на овој месец во Кјос, рурална долина во близина на фјордот Хвалфјордур, објави исландската национална телевизија.

Комарците ги пријави Бјорн Хјалтасон, ентузијаст за инсекти, во група на Фејсбук. Примероците потоа се проследени на анализа во исландскиот Институт за природна историја, каде ентомологот Матијас Алфредсон потврди дека навистина станува збор за комарци.

Видот е идентификуван како Кулисета анулата (Culiseta annulata), комарец отпорен на студ и вообичаен за северните краишта на Европа.

„Многу е веројатно дека комарците овде ќе станат постојани жители. Овој вид во зима вообичаено престојува во толи и заштитени подрачја, како подруми и сточни згради“, рече Алфредсон.

Иако комарците повремено пристигнувале на Исланд како слепи патници во авионите, ова е првпат да се пронајдени живи и како преживуваат во дивина на територијата на Исланд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе