Прекинот на веб-услугите на „Амазон“ предизвика огрмони нарушувања низ целиот свет. Услугата обезбедува услуги за далечинско пресметување на многу влади, универзитети и компании.
На DownDetector, веб-страница што ги следи прекините на интернет, корисниците пријавија проблеми со Snapchat, Roblox, онлајн брокерот за Fortnite, Robinhood, апликацијата McDonald’s и многу други услуги.
Првите знаци на проблеми се појавија околу 3:11 часот наутро по источно време, кога на својата контролна табла Amazon Web Services објави дека „истражува зголемени стапки на грешки и доцнења за повеќе AWS услуги во регионот САД-ИСТОК-1“.
Подоцна компанијата објави дека има „значајни стапки на грешки“ и дека инженерите „активно работат“ на проблемот. Клиентите на AWS вклучуваат некои од најголемите бизниси и организации во светот.
Т.Д.
