Вести Магазин Свет

Најспектакуларен грабеж во музејот Лувр, откако Мона Лиза исчезна во 1911 година

Ова е најспектакуларниот грабеж во музејот Лувр, откако Мона Лиза исчезна во 1911 година, кој наметнува сериозни прашања за нивото на безбедност на француските уметнички дела, во време кога тие стануваат сè поголема цел на криминални банди.

Според новиот француски министер за внатрешни работи Лоран Нуњез, бандата што упаднала во галеријата Аполо во недела наутро очигледно била професионална. Тие знаеја што сакаат, очигледно однапред го „обезбедиле местото“, имале дрско едноставен, но ефикасен начин на дејствување и им требало не повеќе од седум минути за да го земат пленот и да избегаат.

Во камион опремен со платформа за подигнување од типот што го користат компаниите за селидби, тие се паркирале на улицата надвор, се искачиле на првиот кат, а потоа користеле секач за дискови за да влезат низ прозорец, пишува „Би-Би-Си“Според властите, украдени се осум предмети, вклучувајќи дијадеми, ѓердани, обетки и брошеви.

Тие ѝ припаѓале на сопругата на Наполеон, царицата Марија-Луиз; на неговата снаа, кралицата Хортенза од Холандија; на кралицата Марија-Амелија, сопруга на последниот француски крал Луј-Филип, кој владеел од 1830 до 1848 година; и на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон Трети, која владеела од 1852 до 1870 година.

Исто така, била украдена и круната на царицата Евгенија, но била пронајдена оштетена во близина на музејот откако крадците наводно ја фрлиле.

Во соопштението на Министерството за култура се вели дека алармите се вклучиле правилно. Петмина вработени во музејот кои биле во галеријата или во близина го следеле протоколот со контактирање на безбедносните сили и заштита на посетителите.

Во него се вели дека бандата се обидела да го запали своето возило надвор, но била спречена со интервенција на вработен во музејот.

Кражбата се случила во галерија на само кратка прошетка од некои од најпознатите слики во светот – како што е Мона Лиза.

Но, криминалните групи што нарачуваат вакви кражби не ги таргетираат светски познатите слики што никогаш не можат да бидат изложени или продадени. Тие претпочитаат предмети што можат да се претворат во готовина – а накитот е на врвот на листата опишува Хју Шофилд, дописникот на ББС од Париз.

Колку и да е огромна нивната историска и културна вредност, круните и дијадемите лесно можат да се раскршат и да се продадат на парчиња. Дури и големите и познати дијаманти можат да се сечат. Конечната продажна цена можеби не е колку што вредел оригиналниот артефакт, но сепак ќе биде значителна.

Две неодамнешни кражби на музеи во Франција веќе ги предупредија властите за растечката дрскост на уметничките банди, а безбедносен план изготвен од Министерството за култура постепено се спроведува низ цела Франција.

Убедливо најпознатата кражба е онаа што се случила во 1911 година, кога била украдена „Џоконда“ од Леонардо да Винчи – сега попозната како Мона Лиза. Крадците ако имаат среќа да не бидат фатени, веднаш ги продаваат сканпоценостите кои во скоро сите случаи и не е толку тешко. 

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкција: Правда за земјоделие или за МВР?

Дејан Дејан

„Пулс“ почнал со работа, иако во континуитет не исполнувал услови, кажа обвинителката на денешното рочиште кое на моменти беше тензично

Sasko Dimovski

Финансов директор на Тутунскиот комбинат во Прилеп за фиктивни услуги исплатил повеќе од 23 000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе