Вести Македонија

(Видео) Муслиу: ВМРО-ДПМНЕ го подигна нивото, СДСМ или ќе се реформира или ќе попушти пред конкуренцијата, шлагот кај албанските партии беше Чаир и Тетово

ВМРО-ДПМНЕ имаше задача – или да го задржи нивото или да го подигне, тие го подигнаа и тоа треба да го честитаат нивните опоненти, рече Алберт Муслиу, политички аналитичар, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Изговори се смешни. Тука нема изговори. СДСМ или ќе се реформира, ќе се најде себеси, својата порака и како да им се приближи на гласачите или ќе попушти пред конкуренцијата. А, конкуренцијата чека. Дали тоа ќе биде ЗНАМ, Левица или некој друг, тоа ќе се случи, затоа што политичките процеси имаат своја динамика. ВМРО-ДПМНЕ сигурно оствари голема победа“, вели Муслиу.

Во однос на албанските политички партии, продолжи тој, „ќе слушаме разни наративи“.

„Шлагот беше во Чаир и во Тетово. Во Тетово има втор круг, така да никогаш не се знае. Јас сум од Гостивар, претходниот градоначалник во минатиот изборен процес во прв круг изгуби, во вториот доби, така да тука се тие партиски комбинаторики. Во Гостивар е чудно што нема цензус. Ако тоа е намерно, мислам дека стратешки, долгорочно, е грешка да се оди во тој правец, затоа што пак ќе се одржат избори, пак ќе има изборен циклус и уверен сум дека бројките ќе бидат уште поголеми. Волјата на граѓаните не може да се сузбие со некои техникалии“, изјави Муслиу.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обединетите Нации со повик за помош на погодените во Венецуела

Дејан Дејан

Ќе возвратиме жестоко на американскиот напад – иранската револуционерна гарда се закани со брз и решителен одговор

Дејан Дејан

САД го нападнаа Иран како одговор на нападот врз комерцијален товарен брод

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе